За да постигнете соодветен ефект од употребата на UNItears, Ве молиме следете ги овие едноставни чекори:
Измијте ги рацете со вода и сапун, а потоа добро исушете ги. (сликa 1)
UNItears може да се користи при носење контактни леќи.
Oдвртете го капакот на шишенцето. Држете го шишенцето надолу меѓу палецот и останатите прсти. Пред првата примена се препорачува испуштање на првата капка надвор од окото со лесно притискање на шишенцето, затоа што при силно и неправилно притискање на шишенцето може да се исфрли поголемо количество од растворот.
Нежно повлечете го долниот капак со показалецот. (сликa 2)
Навалете ја главата наназад. Врвот на капалката ставете го во близина на окото, но така да не го допира окото ниту пак соседните делови на окото. (сликa 3)
Нежно притиснете го шишенцето така да само 1 капка Ви влезе во око. Потоа отпуштете го долниот капак и полека затворете го окото за да може UNItears рамномерно да се распореди по површината на окото.
За следната капка, отпуштете го шишенцето така да воздухот се врати во првобитна состојба, а потоа продолжете со нанесување во окото како што е препорачано.
Имајте предвид дека помеѓу притискањето и излегувањето на капките може да дојде до доцнење од неколку секунди.
Неколку секунди држете го окото затворено, така да капките рамномерно се рашират по површината на окото. (Сликa 4) Доколку е неопходно, повторете ја постапката за другото окo.
По употребата, шишенцето треба да се протресе во правец надолу, без допирање на врвот на капалката, за да се отстрани течноста од врвот. Тоа е неопходно за да се обезбеди стерилност на капките за очи и за полесна испорака на следната капка во следната апликација.
Веднаш по нанесувањето добро затворете го капакот од шишенцето и шишенцето чувајте го во препорачани услови (температура дo 25°C).